Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Графички работник - Машинист

Организација

ПЕЧАТНИЦА „КИРО ДАНДАРО“ доо- Битола

Индустрија

Графичка

Опис на работната позиција

Главни работни задачи:
• по претходно разгледување и обработка на налогот, ја припрема машината за печатење;
• ги припрема флексо клишињата и врши анализа на нивниот квалитет;
• врши секаков вид на флексо печат, во повеќе бои со врвен квалитет;
• доколку се појават било какви проблеми при печатењето, за тоа се консултира со претпоставениот;
• внимава на работењето на машината, внимава на боите околу машината и се гриши целиот простор околу машината да биде уреден и видлив;
• внимава сите производи да бидат квалитетно испечатени и да одговраат на сите стандарди за квалитет од соодветниот вид на печат, бојата, текстот и писмениот материјал да бидат остри, чисти и лесно читливи;
• работа со флексо машина со бои со УВ сушење, од ролна во ролна;
• пополнува сменски извештај и му дава усмен дневен извештај на работникот од другата смена за сработеното во својата смена;
Очекуваме:
o Работливост
o Трудољубивост
o Темелност
o Продуктивност
o Лојалност
Нудиме:
o Комплетна обука
o Пристојни работни услови
o Пријавување на полна плата
o Врабтување на определено време
o Напредување во зависност од покажаните резултати

Пријавување за работното место се врши преку доставување на CV (кратка биографија) на e-mail: stefanovska@kirodandaro.com.mk

Напомена:
Само комплетираните пријави ќе бидат земени во предвид.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Начин на комуникација ќе биде исклучиво по e-mail.

Потребни квалификации

IV ССС ( техничко или друго образование) со или без работно искуство
- општо познавање на англиски јазик
- општо познавање на работа со компјутер

Објавен на: 06/10/2026

Краен рок за пријавување: 17/10/2026