Позиција
Правник
Организација
Актифф
Индустрија
Трговија
Опис на работната позиција
За поддршка на правните работи и процесите за персонална администрација во компанијата, бараме правник со практично искуство и одговорен пристап кон работата.
Главни одговорности:
• Обезбедува правна поддршка во секојдневното работење, со фокус на договорните односи, работните односи и законската усогласеност.
• Подготвува и проверува договори, правни и интерни акти и ги следи законските промени релевантни за работењето на компанијата.
• Ја спроведува кадровската администрација поврзана со вработување, промена и престанок на работниот однос, вклучително пријавување и одјавување на вработените.
• Води и ажурира правна и кадровска документација, персонални досиеја и евиденции за вработените и обезбедува кадровски податоци за пресметка на плата.
• Ја застапува компанијата пред надлежните институции согласно дадените овластувања и по потреба соработува со надворешни правни соработници.
Потребни квалификации
• Завршено високо образование од областа на правните науки.
• 3 години работно искуство на исти или слични работни места.
• Познавање на работното, трговското и облигационото право.
• Организираност, прецизност и доверливост во работењето.
Објавен на: 07/10/2026
Краен рок за пријавување: 17/10/2026