Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

За нас

Имајќи ја во предвид преголемата невработеност во нашата држава и неможноста да се има увид на сите отворени работни места на едно место беа основниот поттик да ја основаме оваа интернет страница. Интернет страницата е наменета да им служи на сите невработени лица, но секако и на оние кои бараат поатрактивна работа и кои имаат потреба од увид на едно место на сите огласите од дневните печати во Република Македонија

about us photo
the best photo

Зашто сме најдобри

Пребарувањето и прегледот на огласите е бесплатно и достапно за сите кои бараат работа. Податоците, односно огласите на интернет страницата се ажурираат секојдневно од нашиот тим се со цел пред Вас да ги имате најновите информации. Преку нашите сервиси, нудиме можност и самите работодавци да достават оглас преку нашата интернет страница. Пионери сме во сервисот огласите да бидат објавени без никаков надомест и да бидат достапни до сите потенцијални кандидати. Ги охрабруваме сите работодавци да го сторат тоа и да ги испраќаат своите огласи преку нашата онлајн форма, бидејќи само така најлесно ќе можат да најдат нови вработени без дополнителни трошоци.

Новиот дизајн

Се надеваме дека ви се допаѓа новиот изглед на сајтот. Направивме редизајн на целиот сајт, понудивме нови сервиси, како и доста поширока палета на огласи. Ќе се трудиме, од ден во ден да нудиме се повеќе и поинтересни содржини поврзани со вработувањето и барањето работа во нашата држава. Ќе ве советуваме, но и ќе ве информираме за се она што е актуелно на пазарот на трудот. Компаниите со кои е постигната согласност за обострана соработка се ставени како пријатели на нашиот веб сајт.