Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Политика на приватност

Овој портал е сопственост и управуван од Лотос Инвестмент ДОО – Битола. Вашата приватност на интернет е од суштинско значење за нас. Со користење на порталот www.najdirabota.com.mk сакаме да бидете задоволни и сигурни. Бидејќи собираме некои типови на податоци за нашите корисници постои потреба за целосно разбирање на нашата политика за приватност и услови на користење. Оваа изјава за приватност открива какви типови на информации ние собираме и тоа како ние ги користиме.

Информации кои се собираат

Веб серверот каде што е хостиран порталот www.najdirabota.com.mk го регистрира вашиот домен и ИП адресата која ја користите. Како и техничките информации поврзани со сесијата, односно страните до кои пристапувате. Следниве информации се заради сигурност и заштита. Заради персонализирање, прилагодување на вашата посета на порталот www.najdirabota.com.mk с е запишуваат информации „Cookies“ на вашиот компјутер. Тоа се мали документи запишувани од веб серверот кои не ја загрозуваат вашата безбедност и приватност. Со посетата на порталот www.najdirabota.com.mk не се бараат лични информации како име, презиме, адреса, телефонски број, електронска пошта итн. Правните лица кои сакаат да постават оглас доброволно пополнуваат електронска форма со податоци поврзани со огласот кои го доставуваат и испраќаат по електронска пошта основни податоци за нивните компании (име на компанија, адреса, телефон, факс, електронска пошта, урл на веб страна и област во која делуваат). При пополнување на анкета се заведува само вашиот глас во однос на прашањето.

Користење на информациите кои се собираат

Информациите добиени од вашата посета на порталот www.najdirabota.com.mk заради подобрување на услугите спрема корисниците, збогатување на содржините, статистика се со цел задоволување на вашите потреби и желби. Без согласност вашите информации не се споделуваат со трети страни. Информациите не се споделуваат со државните органи освен во случаи утврдени со законските прописи во Република Македонија. Информациите кои се собираат при посета на порталот www.najdirabota.com.mk се обработуваат согласно законите кои важат во Република Македонија.

Линкови до други вебсајтови

Порталот www.najdirabota.com.mk може да содржи линкови до други вебсајтови од интерес. Кога се користат овие линкови се напушта нашиот портал и треба да се напомни дека ние немаме контрола врз другиот сајт. Затоа, не можеме да бидеме одговорни за заштита и приватност на сите информации кои вие ги обезбедувате со посетата на овие страници и таквите сајтови не се регулирани со оваа изјава за приватност.

Сигурност

Во врска со безбедноста на податоците кои се собираат на сајтот www.najdirabota.com.mk се превземаат сите најнови технолошки и организациони мерки за спречување на наовластено користење. Сигурносните процедури редовно се проверуваат и тестираат од страна на администраторскиот тим.

Ваша согласност

Со користењето на овој сајт, вие се согласувате со нашата политика на приватност. Ако решиме да ја смениме политика на приватност, ние ќе ги објавиме промените на оваа страница, така што секогаш ќе бидете свесни за тоа какви информации собираме и како ги користиме.

Прашања

Ако имате некои прашања во врска со нашата политика на приватност или воопшто во врска со порталот www.najdirabota.com.mk можете да не контактирате преку Контакт формата на нашиот сајт.