Позиција
Рецепционер
Организација
Камник
Индустрија
Хотелиерство
Опис на работната позиција
Нашиот бутик хотел со 21 соба бара искусен и динамичен главен рецепционер. Оваа клучна улога вклучува управување со секојдневните операции на хотелот, обезбедување висок квалитет на услугата за нашите гости.
Главни одговорности и обврски:
• Надгледување на секојдневното работење на хотелот и обезбедување беспрекорно искуство за гостите;
• Управување со резервации, прием и сместување на гостите;
• Координација и контрола на собите во соработка со тимот за хигиена;
• Надзор на работата на рецепционерите и собарките;
• Управување со наплата и административни задачи;
• Високо квалитетна комуникација и гостопримство;
• Решавање на проблеми и барања на гостите;
• Одговарање на телефонски повици и електронска комуникација;
• Управување со онлајн резервациони системи како BOOKING.COM и EXPEDIA.COM.
• Промовирање и продажба на услугите на хотелот.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk
За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Потребни квалификации
Очекувани квалификации:
• Потребно искуство во управување со хотел или слична позиција;
• Завршено минимум средно образование;
• Одлично познавање на англиски јазик, дополнителен јазик ќе се смета за предност.
Потребни способности и вештини:
• Одлични компјутерски вештини, особено во MS Office;
• Високо развиена усна и писмена комуникација;
• Силни организациски способности;
• Одлични вештини во услугата кон гостите и деловно размислување;
• Продажни и преговарачки вештини;
• Мотивирана, позитивна личност со склоност кон тимска работа;
• Флексибилност за работа во смени.
Објавен на: 23/04/2024
Краен рок за пријавување: 12/05/2024