Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Рецепционер

Организација

Камник

Индустрија

Хотелиерство

Опис на работната позиција

Нашиот бутик хотел со 21 соба бара динамичен рецепционер. Оваа клучна улога вклучува front- desk позиција со цел обезбедување висок квалитет на услугата за нашите гости. 
Главни одговорности и обврски:
Работа со резервации, прием и сместување на гостите;
Водење грижа за гостите и нивните потреби, како и решавање на нивните проблеми
Високо квалитетна комуникација и гостопримство;
Наплата и управување со административниот дел на хотелот
Водење на системите како BOOKING.COM и EXPEDIA.COM
Одговарање на телефонски повици и комуникација со гостите
Контрола на собите, во соработка со собарките на хотелот

Ве молиме испратете го вашето CV со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk. За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.

Потребни квалификации

Потребни способности и вештини: 
Развиени компјутерски вештини, особено во MS Office;
Високо развиена усна и писмена комуникација;
Силни организациски способности;
Одлични вештини во услугата кон гостите и деловно размислување;
Мотивирана, позитивна личност со склоност кон тимска работа;
Флексибилност за работа во смени.
Нудиме:
Договор на неопределено време
Конкурентна плата и можности за професионален развој
Пријатна и динамична работна средина
Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
Можности за учење и напредување.

Контакт информации

Емаил

vrabotuvanje@kamnik.mk

Телефон

02/ 2523-523

Објавен на: 14/05/2024

Краен рок за пријавување: 02/07/2024