Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Аналитичар

Организација

Галафарм ДОО

Индустрија

Фармација

Опис на работната позиција

Галафарм, Скопје, фабрика за производство на фармацевтски, козметички и диететски производи има потреба од аналитичар во контролна лабораторија.
Опис на одговорности:
-Одговорен е за континуирано подобрување, мерење и анализирање на процесите.
-Одговорен е за правилна примена на документите во неговиот домен на работа: СОПови, Работни упатства, обрасци.
-Се грижи за имплементација и одржување на cGMP практичното работење во лабораторијата за Контрола на квалитет.
-Континуирано се едуцира на стручен план.
-Работи анализи за испитување на квалитетот на влезни материјали, меѓупроизводи, полупроизвод и готов производ според претходно валидирана, утврдена методолошка постапка или според Фармакопеја.
-Изработува спецификации.
-Изработува сертификати за квалитет.
Правилно ракува со различна лабораториска опрема и прибор и се грижи за нивната документација.
-Подготвува реагенси и раствори потребни за испитувања според планот за анализи.
-Одговорен е за точноста на внесените податоци во записите кои се во неговиот домен, посебно во работните дневници.
-Одговорен е за навремено завршување на работните задачи.
-Должен е да ги заврши сите зададени задачи по налог на лице кое е на повисока функција од него.

Испратете ја вашата апликација на info@galafarm.com.mk и назначете за која работна позиција аплицирате

Потребни квалификации

Потребни квалификации:
-ВСС-лабораториски инженер, биохемичар..
-Претходно работно искустсво ќе се смета за предност
-Одлично познавање на англиски јазик


Лични вештини:
-Способност за тимска работа
-Ефикасност во извршување на работите
-Одговорност
-Лојалност и дискреција

Објавен на: 19/04/2024

Краен рок за пријавување: 30/04/2024