Позиција
Собарка
Организација
Камник
Индустрија
Хотелиерство
Опис на работната позиција
Нашиот бутик хотел со 21 соба бара собарка како дел од нашиот тим заради извршување на секојдневните операции на хотелот, како и обезбедување висок квалитет на услугата за нашите гости.
Главни одговорности и обврски:
1. Одржување на хигиената на гостинските соби и другите простории во хотелот
2. Љубезна комуникација со гости, соработници и корисници на услуги применувајќи ги принципите на работна култура
3. Да применува мерки за заштита на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки.
Компанијата за своите вработени нуди:
1. Работа во хотел од 4 ѕвезди
2. Договор на неопределено време
3. Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
4. Редовна плата со дополнителна исплата за ноќен труд, работа во недела и празници
5. Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Потребни квалификации
ОЧЕКУВАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
1. Завршено средно образование
2. Висока работна етика
3. Претходно искуство на позицијата ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
1. Професионален и одговорен однос кон работата.
2. Лојалност, доверливост и енергичност во исполнување на обврските
3. Брзина, ефикасност и педантност во вршење на работните задачи
4. Флексибилност за работа во смени
5. Основно познавање на англиски јазик.
Објавен на: 14/06/2024
Краен рок за пријавување: 31/07/2024