Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Продавач

Организација

Егзекјутив Срч Консалтинг

Индустрија

Продажба и Маркетинг

Опис на работната позиција

Групацијата Gorenje е еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство со традиција од повеќе од 70 години. Нивните технолошко усовршени, супериорно дизајнирани и енергетски ефикасни апарати за домаќинство го подигнуваат квалитетот на живеење на корисниците на нивните производи во 90 земји низ светот. Од 2018 година Групацијата Горење е дел од компанијата Hisense.
Gorenje GA ДООЕЛ Скопје, за својот малопродажен салон во Карпош 3 има потреба од

РЕФЕРЕНТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА/ПРОДАВАЧ

ОДГОВОРНОСТИ И РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Комуникација со клиенти – крајни потрошувачи;
• Продажба – наплата;
• Работа со документација според потребите на процесот на работа;
• Организација на просторот, задолжување на роба и прием на истата во малопродажниот објект;
• Одржување на хигиена, по потреба;
• Работникот може да извршува и други задачи соодветни на неговата стручна подготовка и во врска со своето работно место, а по налог и упатство од работодавачот;

БАРАЊА:
• ССС;
• Поседување на вештини за продажба;
• Комуникациски вештини;
• Позитивен став кон клиентите и желба за тимска работа;
• Претходно работно искуство во продажба на бела техника ќе се смета за предност;
• Познавање на работа со компјутер (Word, Excel) ;
• Познавање на странски јазик и возачка дозвола ќе се сметаат за предност;

ПОНУДА:
• Основна месечна нето плата плус додатоци предвидени според закон (минат труд, регрес);
• Можност за остварување на годишен бонус во висина од една нето плата;
• Работникот ќе работи со полно работно време во 2 смени, и тоа од 09 до 17ч и од 14:00 до 20ч од понеделник до петок;
• Преку една сабота работа во една смена од 10 до 15ч;

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на jobs@esc.com.mnk најдоцна до 30.04.2024. Во насловот на пораката ставете назнака Референт за малопродажба / Продавач. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.
Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси.
Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.

Потребни квалификации

•	ССС;
• Поседување на вештини за продажба;
• Комуникациски вештини;
• Позитивен став кон клиентите и желба за тимска работа;
• Претходно работно искуство во продажба на бела техника ќе се смета за предност;
• Познавање на работа со компјутер (Word, Excel) ;
• Познавање на странски јазик и возачка дозвола ќе се сметаат за предност

Објавен на: 18/04/2024

Краен рок за пријавување: 30/04/2024