Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Маркетинг агент

Организација

Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ

Индустрија

Продажба и Маркетинг

Опис на работната позиција

T-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ е компанија со седиште во Скопје, Македонија која работи 15 години на македонскиот пазар и делува на територијата на Р. Македонија и регионот на ЈугоИсточна Европа. Во соработка со матичната компанија TÜV NORD CERT од Германија, нуди најголем дел од услугите од делокругот на TÜV NORD, главно со македонски експерти со сите овластувања на TÜV од Германија. TÜV NORD CERT им помага на компаниите - клиенти со: аудити, сертификација на системи за управување (ISO Стандарди), сертификација на персонал и сертификација на производи, како и IT сертификација, информациска безбедност, автомобилска, индустрија и техничка инспекција. За потребите Т-ЦЕРТ бара:

МАРКЕТИНГ АГЕНТ

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

• Завршено минимум средно образование,
• Претходно работно искуство минимум 2 години искуство во областа на продажба, on line продажба, рекламирање,
• Познавање и искуство со менаџирање на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn, X),
• Познавање на Adobe Reader пакет – Illustrator, Photoshop,
• Поседување на возачка Б категорија,
• Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан),
• Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности,
• Позитивен приод на работата и желба за напредок и развој,
• Вештини за пишување и интерперсонална комуникација,
• Способност за следење на процедури за работа,
• Стабилна, одговорна и лојална личност.

Одговорност и задачи:

• Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски,
• Организираност и способност за истовремена работа на повеќе задачи,
• Способност за тимско и индивидуално работење,
• Професионалност и комуникативност,
• Креирање на маркетинг активности и кампањи,
• Комуникација со клиенти и управување со социјални мрежи,
• Водење, унапредување и промоција на продажбата на целосно портфолио на компанијата,
• Планирање и управување со активностите на социјалните мрежи како Facebook, Instagram, X, како и на официјалната Веб страна на Компанијата,
• Комуникација со постоечки клиенти и потенцијални клиенти со цел презентација, промоција и продажба на услугите на компанијата,
• Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности,
• Промовирање на услуги на компанијата, преку директна комуникација со корисници и преку присуство на настани, како и следење на нивното задоволство.




Компанијата нуди:

• Редовни месечни примања,
• Атрактивна и динамична работа со одлучни услови за работа,
• Стабилна работа во германска компанија, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест, со потенцијал за голем раст и развој,
• Работно време од 40 часа неделно
• Спроведување на континуирани обуки, континуирани годишни евалуации на надоместоците поврзани со перформансите,
• Можност за надоградба на професионален план,
• Работа во позитивна и динамична средина со можност за напредување и усовршување.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на zsmilevska@tuv.mk, или за дополнителни потребни информации јавете се на 070 399 457 од 08:00 до 16:00 секој работен ден.

Апликациите ќе се прифаќаат до 26.04.2024.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.

Потребни квалификации

•	Завршено минимум средно образование,
• Претходно работно искуство минимум 2 години искуство во областа на продажба, on line продажба, рекламирање,
• Познавање и искуство со менаџирање на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn, X),
• Познавање на Adobe Reader пакет – Illustrator, Photoshop,
• Поседување на возачка Б категорија,
• Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан),
• Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности,
• Позитивен приод на работата и желба за напредок и развој,
• Вештини за пишување и интерперсонална комуникација,
• Способност за следење на процедури за работа,
• Стабилна, одговорна и лојална личност.

Контакт информации

Емаил

zsmilevska@tuv.mk

Телефон

070 399 457

Објавен на: 28/03/2024

Краен рок за пријавување: 28/04/2024